Гордана Силјановска Давкова доби неочекувана поддршка со потпис во ДИК.
Во Државната изборна комисија (ДИК) вчера, се случи збрка за време на собирањето потписи за претседателските кандидати,
На социјалните мрежи кружи видео на кое е претставена видно вознемирена жена која сфатила дека по грешка се потпишала за поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, наместо за планираниот избор, Стево Пендаровски. Во видеото жената ја изразува својата фрустрација, нагласувајќи дека не знаела каде го ставила својот потпис.
Мене ми кажаа за еден и јас дојдов за еден, вели жената револтирано.
Извор: Вечер