Претседателските кандидати се познати. Седум кандидати ќе трчаат по удобната фотелја на Вила Водно, но калкулациите за носителите на листа сè уште траат. Утре на конгрес социјал-демократите ќе ги презентирантираат токму носителите на листи во шестте изборни единици. Во ВМРО-ДПМНЕ пак имињата веќе се познати. И ЗНАМ ги презентираше своите кандидати. Сепак, кружат неофицијални имиња и за СДСМ.
Неофицијално кандидатите на СДСМ се следните:
Во првата изборна единица на СДСМ носител би бил Димитар Ковачевски. Според неофицијални извори како социјал-демократска пракса СДСМ би имал и коносител на листа, а тоа би била Моника Зајкова, лидерот на ЛДП, коалициски партнер на СДСМ.
Во втората изборна единица СДСМ би одел со Сања Лукаревска или Фатмир Битиќи.
Во третата изборна единица во игра се два кандидата, а тоа се Љупчо Николовски или Оливер Спасовски.
Најголемото изненадување од четвртата изборна единица може да биде Венко Филипче, екс министерот за здравство и лично голем пријател на Зоран Заев.
Според неофицијални информации СДСМ во петтата изборна единица ќе оди со актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровски. За шестата изборна единица СДСМ се уште не се знае дали ќе има кандидат, а ова претежно би зависело од тоа дали партијата ќе оди во коалиција со ДУИ.
Официјално кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се следните:
Носител во првата Изброна единица ќе биде претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Носител на листата во Изборна единица 2 ќе биде потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде носител ќе биде пратеникот Драган Ковачки.
Носител на листата во Изборна единица 4 ќе биде потпретседателот на партијата, Александар Николоски.
Носител на листата во Изборна единица 5 ќе биде генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски.
Во Изборната единица 6 носител ќе биде сегашната пратеничка, Дафина Стојановска.
Официјално кандидатите на ЗНАМ се следните:
Во партијата на Максим Димитриевски од познатите имиња за јавноста, тројката ќе ја предводи генералот Павле Арсовски, а петката Весна Бендевска.
Носител во првата Изброна единица ќе биде Бобан Карапејовски, професор на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Носител на листата во Изборна единица 2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило во Куманово.
Носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки.
Носител на листата во Изборна единица 4 ќе биде економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија
Носител на листата во Изборна единица 5 ќе биде поранешна претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска.
Во Изборната единица 6 носител ќе биде Небојша Захариевски, кој е магистер по правни науки.
Мистерија се кандидати на ДУИ кои се нивните носители, но затоа коалицијата ВРЕДИ се мисли само, кого да го стави за носител во петката. Инаку, Изет Меџити е во првата изборна единица, Африм Гаши во втората, Билал Касами во шестата.