Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи кој неславно „се прослави“ со пречекот на пасоши сега најави дека пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти. Тој вели дека процесот се одвива тековно.

И покрај тоа што целиот проблем со лични документи настана со министерот Оливер Спасовски, Бојмацлиев проблемот го лоцира кај Панче Тошковски и неговиот кабинет.

„Од страна на Кабинетот на министерот не е решен проблемот со одобрување на личните документи“, вели Бојмацилиев.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Ресен беше со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска беа во посета на реконструираните простории на управните служби во Одделението за внатрешни работи во Ресен.

(ВИДЕО) „Да не беше трагично, ќе беше смешно“: Пречекот на обрасци од Бојмацалиев наиде на сеир кај граѓаните, Петрушевски со коментар

Инаку, граѓаните се револтирани од целата процедура и голгота да се стигне до лични документи.

„СДСМ ветуваа дека ќе одиме во Европа, а сега не можеме да излеземе од Македонија“, коментираат револтираните граѓани.