Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев наведе причини зошто се разликува од Панче Тошковски. Тој во гостување на утринска програма на Клан вели дека ги бранел вработените во Собрание на 27 април, а Тошковски пак, за разлика од него оние кои нападнале.
„Јас секаде спомнувам неколку примери каде сме биле јас и Тошковски во различни ситуација. Еве на пример јас на 27 април јас бев вработен во Собрание, еден од тие во прес-салата. Тошковски пак беше еден од адвокатите кои ги бранеше тие на 27 април. Така што и од приватна и од професионална гледна точка сме многу различни“, рече тој на ТВ гостување.
Во текот на целата ТВ емисија Митко Бојмацалиев го величеше ликот и делото на Оливер Спасовски. „Истите ресурси кои Спасовски ги создал ги користиме и денеска“, рече тој и додаде дека Спасовски добро се справувал со функцијата министер за внатрешни работи.
Во меѓувреме, пристигнуваат нови обрасци за лични карти.
„Процесот се одвива тековно“: Бојмацалиев најави нови обрасци за лични карти
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи кој неславно „се прослави“ со пречекот на пасоши сега најави дека пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти.
Инаку, граѓаните се револтирани од целата процедура и голгота да се стигне до лични документи.
„СДСМ ветуваа дека ќе одиме во Европа, а сега не можеме да излеземе од Македонија“, коментираат револтираните граѓани.