Речиси 600.000 претставници на органите на прогонот и возолнери беа на должност низ целата земја за да се осигураат дека гласањето ќе помине непречено. Сепак, имаше и жртви.
Според некои турски медиуми едно лице загина, а други пишуваат дека бројката е две лица. Најмалку 11 други се повредени во градот Дијарбекир, каде спорот околу изборот на администратор на соседството стана насилен, јави државната агенција Anadolu.
Инцидентите се случиле во југоисточна Турција, јавуваат медиумите.
Инцидент настанатал и во блиската провинција Шанлиурфа каде најмалку шест лица се повредени и во борбите што избувнале таму.
Шефот на Високата изборна комисија (Централна изборна комисија) на Турција, Ахмет Јенер синоќа пријавил дека денот поминал мирно, но според турските медиуми при гласањето биле извршени 2 убиства. За безбедноста освен органите на прогонот имаше и волонтери.