Неколку деца се повредени во пукање во училиште во Финска, соопшти полицијата. Полициските службеници добиле пријава за пукање во основното училиште Виертола во Вантаа во 08:08 часот. Осомничениот е приведен и се здобил и со повреди.

Локалните жители се замолени да се држат настрана од областа, пишува Sky News. Финската телевизија MTV Uutiset објави дека службите за итни случаи, вклучително и вооружени полицајци, биле на местото на настанот.

Некои деца наводно се криеле за време на нападот, додека други гледале што се случува. Станува збор за училиште со 800 ученици и 90 вработени. Во него настава посетуваат ученици на возраст од седум до 15 години.

Очевидци за јавниот сервис YLE изјавија дека неколку возила на брза помош го напуштиле местото на настанот. Полицијата соопшти дека сите затекнати во инцидентот се малолетни.