Денеска имаше пожар под скопско Кале, каде на стариот полигон, кој и денеска се користи за вежбање на новите возачи, но ако сами појдат таму, бил запален еден автомобил, а од него биле зафатени уште четири други.

Пожарот е на стариот полигон спроти стадионот под Кале, а огнените пламени се префрлиле и на други четири возила.

Засега не е познато која е причината за пожарот.

Пожарникарите беа на местото и ги изгаснаа автомобилите што гореа и не дозволија да се прошири на останатите возила.

– Пет патнички возила се зафатени со пожарот што избувна попладнево на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, а во неговото гаснење се вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари – изјави Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Томевски вели дека интервенцијата на пожарникарите е при крај.

-Пожарот е локализиран и спречено е ширење на соседните возила. Причинета е само материјална штета, рече Томевски.

Овој простор, кој е потполно запуштен, но уште ги содржи старите поставки на кои возачите ги вежбаа своите вештини, неформално се користи за новите возачи да вежбаа, но неретко служи како паркинг, за оние кои присуствуваат на настан во спортската сала „Кале“ која е во близина, затоа што бесплатно може да се остави возилото. Теренот е запуптен, на него има стари автомобилски гуми, но и обраснато е со грмушки и трева.