Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека Универзалната сала која се запали утринава, во моментот на избувнувањето на пожарот била празна.
Нема жртви, нема повредени, објектот беше празен. Пред да се продолжи со градба ќе се утврди релевантно причината, ќе се санира штетата и ќе се продолжи со градба. Сакам да потенцирам дека објектот беше осигуран, рече таа.