Се чека по еден час
Според информациите, на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се упатиле кој Грција.
АМСМ ги соопшти деталите
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Пред нас е продолжен викенд
Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.
Пред нас е и продолжен пролетен викенд, Велики Петок, неработен ден и во недела големиот христијански празник Велигден.