Синдикатите ги соопштија барањата

Се бара враќање на трошоците за храна и превоз во износ од 20 проценти од просечната плата и зголемување на минималецот на најмалку 450 евра, уште во првите 100 дена на новата влада.

Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

Работниците ги бараат своите права

Само синдикалното организирање ја нуди шансата работниците да бидат победници за своите права, вели Роберт Богданоски кој повеќе од две децении беше на чело на синдикалното организирање, низ протести и штрајкови за правата на работниците во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“.

За жал, фабриката ја нема, но синдикалната упорност „спаси“ околу 200 работници да остварат права од технолошки вишок или стечај. Многу се битни колективните договори.

Дали на компаниите им пречат синдикалните организации?

Богданоски ги охрабрува младите работници во приватните компании да воспостават синдикални организации. Не разбира зошто на компаниите им пречи тоа, кога велат дека ги зголемуваат платите и бенефициите за работниците.

Властите немаат слух за проблемите

Владите досега немале слух за работничките права, смета Богданоски. А работниците, доколку сфатат дека е пресудно синдикалното организирање, ќе се успее во вечната борба за работнички права.

Извор: МРТ