Грчкиот превозник се предомисли – нема да се лета до Крф
Утрово актуелна е веста дека авиолинијата која требаше да започне на први јуни годинава на релација Скопје – Крф е укината. Грчкиот превозник ја укина линијата уште пред да започне. Авио превозниците останаа без летот кој требаше два пати неделно, поточно во вторник и сабота да летаат на оваа релација.
Авио превозникот „Aegean“ нудеше билети по цени од 130-150 евра во правец, а се чини дека ваквата сума беше неисплатлива за патниците. Од компанијата аплицираа и за субвенции од македонската влада, но напразно. Набргу повикот беше укинат, па компанијата се октажа од ваквата намера.
До каде ќе може да се лета од аеродромите во Македонија?
Грчкиот превозник откажа и до Крф нема да се лета, но од скопскиот аеродром има повеќе летови, а како нова опција е да се посети Рига во Летонија и тоа два пати во неделата. Вкупно 59 дестинации на 22 авиокомпании ќе бидат на располагање на патниците од скопскиот аеродром. Граѓаните веќе редовно летаат со Виз Ер до метрополите во Германија, Холандија, Италија, но и останати дестинации како Малта. Не изостанува и охридскиот аеродром. Дестинации во Полска, Британија и Холандија ќе може директно да ги посетите од таму.
Нова авиолинија Скопје – Рига
Започна нова авиолинија од Скопје. Со летонскиот превозник „ЕрБалтик“ од вчера започнаа летовите на правец Скопје – Рига. Линијата ќе трае од мај до септември, а истата веќе е започната. Авион од типот „ербас А220“ два пати неделно, поточно секој понеделник и петок ќе ја лета оваа дестинација.
Останати дестинации од Скопје
Ваквиот лет не е единствен, а за време на летната сезона ќе има летови и до останати локации, најголем дел веќе препознатливи за овој дел од годината. Од Скопје ќе може да летате за летниот период до: Хургада, Енфида, Анталија, Бодрум, Џерба и Монастир.
Достапни се и: Салзбруг, Сплит и Осло
На страна редуцираните летови, сепак со „Виз ер“ може да се искористат новите линии до Салцбург, со Кроација ерлајнс или со Норвиџан ершатл ќе има сезонски летови до Сплит и Осло од скопскиот аеродром. За жал, летот со грчката компанија „Ејџијан ерлајнс“ до грчкиот остров Крф кој требаше да е меѓу овие од утрово повеќе е недостапен.
Директни летови и од Охрид
И Охрид ќе има летови. Од аеродромот „Свети апостол Павле“ ќе може да летате до Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер. „Ер Србија“ пак, најави нова авиолинија, односно обнова на релацијата Белград-Охрид-Белград.
Во летната сезона од скопскиот аеродром ќе има 59 дестинации на 22 авиокомпании.
Редуциран бројот на летови од Виз Ер
Сепак, од претходно актуелно е дека Виз Ер го редуцираше бројот на летови.
Виз Ер драстично ги редуцира летовите од Балканот: Најпогодени се скопскиот и охридскиот аеродром
И покрај тоа, како што напишавме и погоре со Виз Ер може да се лета до Салзбург како нова авиолинија.