„Пласет – Донер и Бургер“ и „Сендвичара – 7“ од Скопје се најголемите и најуспешните фаст фуд индустрии во Македонија по остварена добивка за минатата година. Двата „производители“ на хамбургери стануваат ривали во конкуренцијата, бидејќи минатата година имале идентичен профит, анализира Фактор.
„Пласет – Донер и Бургер“ тоа го направил со многу помал приход од култната „Седмица“, но сепак со многу поголем број на сендвичарници. Едниот во 2023 имал 67 пријавени работници, а другиот тоа го постигнал со 95.
„Пласет“ поседува две пекарници, месарница и хотел, покрај двете сендвичарници во Буњаковец, една во строгиот центар на Скопје, една исто така во Чаир и неколку во молови во главниот град и во Тетово. Има раст на приходот од 37 отсто и на добивката од 122 проценти „Сендвичара – 7“ има само четири сендвичарници во Центар, Карпош, Аеродром и Гази Баба, а има и една работилница во Кисела Вода.
На третото место по остварена добивка е „Ројал Филандре“, компанијата која го има „Ројал Бургер“ во Скопје. Има 38 вработени и три сендвичарници како подружници во Центар, Аеродром и Кисела Вода. Бележи раст на приходите за 19 отсто.
Во Топ-5 најпопуларни сендвичарници се и „Кан Интернатионал“ и „Таб Лимитед“, кои сепак 2023 ја прикажале со загуба. „Таб Лимитед“ која ја поседува франшизата за „Кинг Бургер“, „Уста Донерџи“ и пицериите „Сбарро“ има убедливо најголеми приходи од сите, а исто така и голем број на вработени – 178. Има дури 18 продажни места, од кои најпознатите се на скопскиот аеродром, скопскиот плоштад, скопските молови и две во Тетово.
„Кан Интернатионал“ е сопственик на франшизата „КФЦ“. Сите шест продажни места што ги поседува се во Карпош, две во Гази Баба, Бутел, Аеродром и Тетово, а поголемиот дел од нив се во молови.
Сите гореспоменати имаат раст на приходите од 14 па до над 30 отсто, а една од причините што може да се поврзе со тоа е инфлаторскиот удар. Фаст фуд индустријата може да биде профитабилен и високо доходовен бизнис во Македонија доколку се работи професионално и посветено. Неговиот потенцијал е голем од проста причина што составен дел од нашата кулутра е фаст фудот.