По неуспешниот обид за атентат сите очи од светот севперени кон Доналд Трамп. Тој пристигна во Милвоки, каде се обрати на Националната конвенција на Републиканците. Трамп го даде своето прво интервју по обидот за атентат и рече дека целосно го преработил својот говор и го истакнал единството, а не критиката на Џо Бајден.

Требаше да бидам мртов

Требаше да бидам мртов, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп во своето прво интервју за Њујорк пост по обидот за атентат.

„Не требаше да бидам тука, требаше да бидам мртов“, нагласи американскиот претседателски кандидат, опишувајќи го искуството како „многу надреално“.

Во интервју за неделникот „Вашингтон Егзаминер“ тој повика да се обедини Америка, но и светот. Трамп откри дека животот му се спасил затоа што ја свртел главата да гледа клип од видео пуштено на екранот зад него.

Трамп со завој на увото

Според весникот, тој носел завој преку увото, кое било погодено во нападот. Самиот Трамп рече дека ќе беше мртов ако не ја сврти главата да прочита графикон за илегалната имиграција.

„Политичките страсти мора да се оладат – ова го повика американскиот претседател Џо Бајден за време на неговото обраќање во земјата од Овалната соба. Не можеме да дозволиме насилството да стане норма. Политичките разговори станаа премногу вжештени – мора да ги смириме страстите“, рече ајден.

Бајден повика на смирување на старстите

Пукањето на Трамп „е покана до сите нас да направиме чекор назад“, рече Бајден во изјавата која траеше помалку од седум минути. „За среќа, Трамп не беше сериозно повреден“, истакна тој.

„Не можеме да дозволиме ова насилство да стане норма. Политичката реторика во оваа земја стана премногу вжештена. Време е да се оладиме“, рече претседателот, додавајќи: „Сите имаме одговорност да го направиме тоа“.

Ова е трет пат тој да ја користи канцеларијата за да коментира прашања од големо значење за Американците откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Минатиот октомври, Бајден одржа говор во ударниот термин во кој се осврна на конфликтите во Газа и Украина, а во јуни 2023 година, тој зборуваше од Овалната соба кога беше постигнат договор со републиканците за да се избегне прекршување на плафонот на американскиот долг.

Бајден бара да се истражат мотивите на атентаторот

Тој изјави дека „не ги знаеме мотивите на пукачот и што мислел. Не знаеме дали имал помошници, дали некој го упатил. Додека зборувам, властите го истражуваат ова“.

За крај тој рече дека ќе продолжел силно да ја брани демократијата.