Петрушевски тврди дека ДУИ намерно создава етнички тензии

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, ја обвини ДУИ дека намерно создава атмосфера на етнички тензии со цел да го сврти вниманието од, како што вели, криминалните активности на своите челници.

Според Петрушевски, ваквите постапки на ДУИ не се мотивирани од интерес за правата на Албанците, туку од обид да се заштитат партиските функционери.

  • ДУИ повторно е поразена. Часот удри 11, а ништо не се промени. Самите знаеја дека нема да има никакви промени бидејќи такви се судските процедури. Намерно создаваат постојана состојба на етнички тензии секогаш кога ќе се соочат со проблеми поврзани со криминал, обидувајќи се на тој начин да го пренасочат вниманието на јавноста.“ – изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
  • ДУИ намерно креира тензии, но тоа не го прават за да ги заштитат правата на Албанците. Нивната цел е да ги заштитат своите партиски криминалци како Артан Груби и останатите функционери.“ – изјави Петрушевски.

Шаторите пред Уставен – Блед обид за манипулација

ДУИ постави шатори пред Уставниот суд, но Петрушевски го нарече овој потег „блед обид за манипулација“ со албанските граѓани. Тој изјави дека и самите функционери на ДУИ биле свесни дека нема да има никакви конкретни промени, бидејќи судските процедури се познати и однапред предвидливи.

  • Шаторите пред Уставниот суд, со неколкумина присутни, беа само слаб обид да се измамат Албанците, кои ги лажат цели две децении.“ – изјави Петрушевски.


Ставањето на Артан Груби на „црна листа“ – Клучен момент за ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски нагласи дека ставувањето на Артан Груби на американската црна листа ги разоткрило политичките криминални врски на челниците на ДУИ и СДСМ.

  • Самото појавување на Артан Груби на американската црна листа откри колку се поврзани политичките криминалци од ДУИ и СДСМ, кои се борат за власт за да продолжат со криминалните активности. ВМРО-ДПМНЕ со години предупредува за криминалот на Груби и неговите влијанија и притисоци врз институциите. Фактот што Артан Груби беше ставен на црната листа е доказ за тоа колку големо влијание имаа ДУИ и СДС врз судството и зошто довербата во судскиот систем изнесува само 2%.“ – изјави Петрушевски.


„Доаѓа време за одговорност“ – порача Петрушевски

Во својата изјава, Петрушевски посочи дека ДУИ и СДСМ ќе мора да се соочат со одговорност, бидејќи повеќе не можат да влијаат врз институциите како порано.

  • Знаејќи дека доаѓа време за одговорност и дека веќе не можат да ги спроведуваат своите притисоци како порано, ДУИ организира политички спектакли. Тоа што на овие настани речиси никој не им присуствува, покажува дека народот веќе ја разбрал вистината за нив. Пред Уставниот суд се појавија само неколку политички криминалци, мислејќи дека ќе успеат повторно да ги излажат Албанците, кои веќе со години, исто како и Македонците, масовно се иселуваат, додека тие се богатат. Но, доаѓа време за одговорност.“ – изјави Бране Петрушевски.