Авион кој летал од главниот град на Азербејџан, Баку за главниот град на Чеченија, Грозни се урна во близина на Актау во Казахстан. Во падот на патничкиот авион Ембраер се превезувале 62 патници и пет членови на екипажот од Азербејџан за Русија.

Авионот поради магла беше пренасочен од линијата кон Грозни и беше пренасочен кон Махачкала. После тоа, уште еднаш беше пренасочено – преку Каспиското Море, до Актау. Пред фаталната несреќа тој направил неколку кругови над аеродромот Актау, а потоа се обидел да слета, но слетувањето станало премногу тешко и авионот се урнал.

Казахстанските власти соопштија дека преживеале 32 лица.


Станува збор за авион на Азербејџан ерлајнс. Околностите околу несреќата се расчистуваат, ќе се спроведе посебна истрага. Ова се наведува во соопштението и се додава дека на местото на несреќата има речиси 150 спасувачки екипи и 11 опрема.

Инаку авионот неуспешно пробувал неколку пати да слета.