пишува: Илија Димовски
прво, цената на нафтата на светските берзи;
второ, движењето на вредноста на доларот на светските берзи; и
регулираните законски даноци, акцизи и давачки.
Првите два параметри не зависат од државата…
Третиот зависи од Владата и мнозинството во Собранието на Република Македонија…
Со доаѓањето на СДСМ на власт зголемени се неколку пати давачките кои одат како составен дел од малопродажната цена на нафтата…
Затоа, од 1 Јули граѓаните ќе плаќаат 14,06 денари поголеми даноци, акцизи и давачки, по литар нафта, од тоа што би плаќале доколку оваа власт не ги зголемеше даноците, акцизите, таксите и другите давачки…
Давачките спрема државата се точно плус 14,06 денари од литар дизел гориво, во споредба со времето на “режимот”…
Ова се давачки само спрема државата, кои апсолутно не зависат од светската цена на нафтата и цената на доларот на светските берзи…
Ова се зголемувањата на давачките:
+ 1,20 ден за големопродажна маржа;
+ 1,40 ден за малопродажна маржа;
+ 0,25 ден за транспортни трошоци;
+ 3,00 ден за акцизи (прво зголемување во време на Тевдовски);
+ 0,54 ден за ДДВ (зголемен ДДВ поради зголемената основица од акцизите);
+ 3,00 ден за акцизи (втор пат зголемување пред отприлика 1 година);
+ 0,54 ден за ДДВ (втор пат во 4 години, поради зголемената основица);
и новите:
+3,5 ден за еколошка такса; и
+0,56 ден за ДДВ на новата цена, заради еколошката такса.
Или вкупно 14,06 денари поголеми давачки на секој литар…
Ако ставате 60 литри гориво во вашиот автомобил, сега за државата плаќате плус 843,6 денари…
Ако два пати во месецот ставате гориво, тоа се околу 330 евра годишно плус што вие ги плаќате спрема државата како давачки, такси, акцизи, даноци…
П.С. Во време на почетна инфлација да зголемиш малопродажни цени на енергенси во масовна потрошувачка, треба тотално да не разбираш економија…