Новинарот набавил сендвичи со туна од три продажни места во Лос Анџелес, а потоа ангажирал специјализирана лабораторија за испитување риби. Истражувачите не биле во можност да го утврдат видот на риба.
– Постојат два заклучока. Прво, туната е толку обработена што не можевме да ја направиме идентификацијата. Или едноставно нема ништо што е туна, рече портпаролот на лабораторијата.
Во февруари, кога „Инсајд Едишн“ спроведе сличен тест заснован на примероци од Њујорк, лабораторијата за применети прехранбени технологии со седиште во Флорида потврди присуство на туна.
Двајца клиенти во Калифорнија поднесоа тужби со тврдење дека производите се направени од сè, освен од туна.
Обвинителите тврдат дека контроверзниот сендвич е направен од мешавина на разни состојки кои го имитираат изгледот на туната. „Сабвеј“ која има повеќе од 22.000 објекти низ САД, започна правна акција. Тие жестоко го бранеа својот интегритет, нарекувајќи ја неодамнешната тужба како неоснована.
Експертите за морска храна сугерираат дека „Subway“ можеби не е виновен ако нејзината туна всушност не е туна.
– Не мислам дека намерно би погрешно означиле такво нешто. Тие купуваат конзерва туна на која пишува „туна“. Ако има измама во овој случај, тоа се случува во фабриката за конзервирана туна, изјави Дејв Руди, претседател на „Каталина офшор продукти“, за „Тајмс“.