Со текот на годините оваа серија доби култен статус, а повеќето обожаватели напамет ги знаат репликите на нивните омилени ликови. Освен добра забава и одличен хумор, серијата ни донесе и неколку важни животни лекции, кои сите можеме да ги применуваме:

-Бидете свои како Моника. Бидете борбени и не се извинувајте за она што сте.

-Направете пауза кога ви треба, баш како Рос.

-Сите шесторица нè научија дека сосема е во ред да немаш план.

-Живејте со најдобрите пријатели барем еднаш во животот, како што живееја Џои и Чендлер.

-Исто како и Џои, не се срамете да признаете дека не сакате да ја делите храната со другите.

-„Женска вечер“ лечи скршено срце, како што научивме преку примерот на Моника, Фиби и Рејчел.

-Признајте дека не сте имале многу искуство во љубовта, баш како Чендлер.

-Не заборавајте да го кажете точното име на личноста со која се венчате (Рос најдобро знае како може да заврши спротивното).

-Престанете да се грижите за тоа што другите ќе кажат. Следете го примерот на Фиби.

-Вистинските пријатели секогаш ќе бидат покрај вас.

-Следете го вашето срце исто како Рејчел, дури и ако тоа значи дека ќе се откажете од многу удобни поволности.

-Никогаш не се откажувајте од вашиот сон, бидете упорни како Џои и неговата актерска кариера.

-Пејте и танцувајте како што сакате, дури и ако никому не му се допаѓа тоа, баш како Фиби.

-Ако е судено, не е изгубено – како и во случајот со Рос и Рејчел.

-Љубовта може да се случи на најинтересните начини, видете ги само Моника и Чендлер.