Предвидено е ова право да се изедначи со пристап до работа, достојно домување и социјално осигурување.
Предлогот е доставен до Парламентот и се заснова на напредок во пристапот до дигиталните услуги. Подготвувачите на предлогот забележуваат дека од место за забава и информации, интернетот се разви во средство за комуникација со државната и локалната администрација.
Се нагласува дека се повеќе услуги од државата се нудат на интернет и тие промени се забрзуваат со пандемијата.
Забележано е дека во Белгија, седум од секои 100 граѓани на возраст од 16 до 74 години никогаш не користеле интернет, а 41 процент не користеле административни услуги преку интернет. Според уставните измени, се предвидува секое домаќинство да има пристап до интернет по прифатлива цена. Медиумите додаваат дека Европскиот парламент и ОН, исто така, повикаа пристапот до интернет да биде прогласен за основно право