Две лица загинаа  во авионска несреќа во Белгија, објави Brussels Times, повикувајќи се на агенцијата Belga News.

Првите извештаи укажуваат дека се работи за авион со дозвола од Германија, а инцидентот се случил на 100 метри од пистата на Спа Малшамп.

Околу 9 часот пилотот се обидел да полета, но маневарот бил отежнат поради силниот ветер, пренесе RTBF.

Пилотот не можел успешно да полета и удрил во паркиран автомобил покрај пистата, по што се запалил. Возачот на автомобилот успеал да излезе од возилото кое било затрупано во чад, спасувајќи си го животот во последен момент.