Имено, од Општината потенцираат дека станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација и тоа не е неговиот конечен изглед.
-Се работи за асиметричен кружен тек направен врз основа на проект изработен и одобрен од сите надлежни институции и стручни лица. Потребата таквиот кружен тек да има асиметрична поставеност е воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинова“ кон улицата „24. Октомври“ од „24. Октомври“ кон излезот на Струмица, а чија потреба за воведување е резултат на претходно извршени броења со користење на софтвер за броење на проток на возила кои сообраќаат во многу поголем број од централното градско подрачје во правец кон улицата „24. Октомври“ и од неа кон излезот на градот, стои во објаснувањето на Општина Струмица.
Ја замолуваат јавноста за трпение и проектот целосно да се заврши, по што ќе има време да се види неговата функционалност и намена.
Додаваат дека реализацијата на проектот е на барање на сите граѓани заради големиот број сообраќајни несреќи и застои во сообраќајот кои постојат на таа крстосница и во прв план ја имале практичноста и функционалност, а не неговата симетрија.