– Владејачкото мнозинство на чело со Социјалдемократскиот сојуз постојано говорат за транспарентност, отчетност и дебата, но кога ќе дојде моментот за тоа, а тоа е токму тука, местото за јавна расправа е тука во Собранието на Република Македонија, тие едноставно бегаат од соочување со аргументите, јавните дебати, вкрстување на аргументите и секако соочување со јавноста. Токму на овој начин, Социјалдемократскиот сојуз и пратениците од мнозинството ја практицираат и замислуваат демократијата. Без дебати, без различни мислења, без аргументи. Единствено само партиски интерес и еден навистина скап ПиАр, посочи Ласовска.

Таа информираше дека не се консултирани Сојузот на синдикатите, Стопанските комори, ниту пак експертската јавност.

– По којзнае кој пат Социјалдемократскиот сојуз и пратениците од мнозинството ја покажуваат својата арогантност и нетранспарентност. По којзнае кој пат покажуваат дека нив не ги интересираат проблемите и барањата на граѓаните и на крајот од денот носење на вистинско и правилно законско решение, рече Ласовска.