Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа политичка партија очекува парламентарна поддршка од „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме”. Претседателот на државата Румен Радев, објави дека денеска започна постапката за предавање на првиот мандат за формирање влада на Бугарија. Претходно денеска, Филип Станев, еден од блиските соработници на Слави Трифонов, изјави за БТВ дека кандидатот за премиер на „Има таков народ“ е јасен – велејќи дека тоа е човек со квалитетно образование, добар морал, добра намера и експертиза. Тој додаде дека станува збор за личност која се уште не учествувала во политички активности.
„Составот на владата е подготвен и ако го добиеме мандатот од Румен Радев, премиерот ќе го претстави и сите ќе го видат“, додаде Станев.
Бугарски медиуми јавија дека најверојатен кандидат на „Има таков народ“ за премиер е Петар Илиев.