Полицијата информираше дека во продолжение на акцијата со кодно име „Рада“ биле извршени проверки и како резултат на истражните дејствија пронајдени се и запленети 7,25 килограми кокаин.

-Во продолжение но акцијата „Рада“ започната на 13.07.2021 година, во пристаништето во Драч, каде што беа пронајдени и запленети 11 килограми 675 грама кокаин а на 23.07.2021 година 6,5 килограми, како резултат на истражните дејствија, пронајдена и запленета е уште една количина кокаин. При конрола на неколку контејнери за компанијата „Alba Exotic Fruit“ запленети се 7,25 клограми кокаин, стои во полициското соопштение.

Дрогата во сите три случаи била скриена во контејнери со јужно овошје натоварено во Еквадор.

При откривањето на дрогата на 13 месецов беше уапсен менаџерот на компанијата Бајрам Гумени додека по сопственикот Едуарт Даути се уште се трага.

Даути, тогаш за албанските медуми кажа дека со семејството е во Франција, дека нема никаква поврзаност со тоа и оти веднаш ќе се врати во Тирана за да ја потврди својата невиност, но не го направи тоа.

Во Драч на 18 минатиот месец беа запленети 324 клограми кокаин, во камон натоверен со железо а крајна дестинација била Италија. Возач на камионот беше македонскиот државјанин Н. А