На место викано „Лапуф“, атар на село Теарце, во близина на железничката пруга денеска полицијата пронашла над 200 стебла канабис.
– Денеска во 14:30 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, по преземени мерки и активности на место викано „Лапуф“, атар на село Теарце, во близина на железничката пруга, пронајдени се над 200 стебла канабис, соопшти МВР.
За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.