Огнот веќе зафатил куќи во неколку населби а жителите се во паника. Се обидуваат да ги спасат своите имоти.
Градоначалникот Николчо Илиjев за „360 степени“ изјави дека голема опасност за градот има од три страни. Огнот се гасне со пет противпожарни возила со колку и располагаат, а едно возило изгорело. Илиев вели дека помош не добиваат зашто има повеќе пожари во регионот и секоја противпожарна единица гасне на својата територија.
Граѓаните пишуваат дека започнало гаснење на пожарите со хеликоптери, а населението ги напушта своите куќи поради големиот чад.
Posted by Македонија on Monday, August 2, 2021