Како што вели министерот за здравство, Венко Филипче, откако кај заразените ќе биде регистриран корона вирусот, дополнително се утврдува дали тие евентуално се носители на Делта-варијантата.

Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Можни се евентуалните ограничувања воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани.