Тоа е студија на научници од Империјалниот колеџ во Лондон спроведена на 98.233 тестови за коронавирус помеѓу 24 јуни и 12 јули.

Вкупно 0,63 проценти од тестовите беа позитивни (или 1 на 158), при што процентот на позитивни кај невакцинираните изнесува 1,21 проценти и кај целосно вакцинираните 0,4 проценти. Студијата, исто така, посочува дека резултатите покажуваат дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот отколку невакцинираните луѓе, бидејќи количината на вирус во нивното тело е помала.

Сепак, некои британски претставници и научници повикаа на претпазливост, откако владата ги олесни сите рестриктивни мерки на 19 јули, вклучително и укинување на задолжителното носење маски во одредени затворени простории.

Документ на американската влада протечен минатата недела предупредува дека инфекциите кај целосно вакцинираните луѓе не се толку ретки како што се мислеше и дека вакцинираните луѓе лесно го пренесуваат вирусот.

Сѐ уште постои ризик од инфекција

Пол Елиот, професор во одделот за јавно здравје на Империјалниот колеџ и директор за истражување, рече дека резултатите ги потврдуваат претходните податоци што покажуваат дека двојната доза на вакцината обезбедува добра заштита од инфекција.

-Сепак, ние исто така можеме да видиме дека сѐ уште постои ризик од инфекција, бидејќи ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна, и знаеме дека некои луѓе со двојна вакцинација сѐ уште можат да го добијат вирусот, рече тој.

Елиот додаде:

-Значи, дури и со олеснување на ограничувањата, сепак треба да дејствуваме со претпазливост за да се заштитиме едни со други и да ја спречиме стапката на инфекции

Бројот на дневни случаи во Велика Британија регистрирани од Министерството за здравство на Обединетото Кралство е намален по олабавување на мерките. Овој тренд ги изненади експертите кои предвидоа големо зголемување на бројот на заразени.