Тој вели дека има разлика меѓу Делта и претходните соеви на вирусот бидејќи новиот сој по контакт со позитивен многу побрзо се детектира на ПЦР тест.
-Ако за детекција на претходниот коронавирус во просек биле потребни околу пет денови, сега за детекција на Делта сојот со ПЦР тест, се потребни два до три дена. Колку повисока концентрација толку полесно се детектира овој вирус. Ако ги земеме позитивните аспекти бидејќи има повисока концентрација, овој Делта вирус многу полесно се детектира и со Рапид антиген тест, кои се помалку сензитивни од ПЦР тестовигте. Бидејќи Делта сојот оди во таа насока, голем дел од овие пациенти кои се суспектни на зараза би се детектирале и со рапид антигенски тестови, вели Кунгуловски за ТВ Сител.