Денеска беа погребани загинатите од пожарот во болницата во Тетово. Жителите на Тетово денеска им оддадоа последна почит на најблиските.

Седум од починатите се од градот Тетово, додека седум други се од околните села, Речица, Синичани и Бозовце.

12, од четиринаесетте починати кои загинаа во пожарот, биле пациенти кои со денови биле хоспитализирани , додека другите две – биле во посета на пациенти, нивни блиски, но кои не успеале да се извлечат и се задушиле од чадот.

Петнаесеттата жртва, која подоцна беше идентификувана, е исто така пациентка во модуларната болница во Тетово, но за која обдукцијата покажа дека починала од коронавирусот, а не од пожарот.