Иконому додаде дека паралелно, Министерството за образование преку специјална платформа ќе информира за одделенијата или класовите што прекинале со настава со физичко присуство, поради потврдени случаи на Ковид-19
Истакна дека факт е дека кај конкретната старосна група, од 4 до 17 години, од март е забележано зголемување на бројот на заразени, кое кулминира особено по јуни и посочи дека „ова покажува дека зголемувањето на бројот на деца кои се заразени започна пред отворањето на училишната“, споредбено со првиот квартал од годината.
– Ја имаме испланирано рамката на работа во училниците, во дворовите, во училиштата и со континуираната контрола со селф и рапид тестови на учениците да обезбедиме отворени училишта, објасни Иконому и уште еднаш повтори дека намерата на Владата е да продолжи наставата со физичко присуство.
Учебната година во Грција започна минатиот понеделник, учениците следат редовна настава со физичко присуство, а задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација (за учениците над 12 години) или потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично (секој вторник и петок).
Наставата со физичко присуство ќе се прекине само доколку во едно одделение или клас има 50 отсто плус еден позитивен случај од вкупниот број ученици.