Овие три дена тој беше во болница, бидејќи и самиот пробал да се самоубие, проголтувајќи повеќе од 100 апчиња.
Тој во полицијата изјавил дека му е жал што останал жив, дека долго време бил без работа, дека должел пари за киријата за станот, дека нема каде да оди, па решил да си го одземе животот, но и животите на трите деца „за да не биде сам кога ќе умре“.
Таткото убиец изјавил и дека доколку има можност и начин, повторно ќе се обиде да изврши самоубиство, исто како што испи повеќе од 100 таблети по убиството на децата.
Обдукцијата на телата на убиените деца е завршена, но се прават дополнителни токсиколошки прегледи за да се утврди како се убиени, со труење со апчиња или гушење. Тројното убиство се случи ноќта помеѓу петокот и саботата, на 24 и 25 септември, во загрепската населба Млинови.