Помина една година од масовното убиство во селата Мало Орашје и Дубона, кога 21-годишниот Урош Блажиќ уби девет и рани тринаесет лица.

Најмладата жртва имаше четиринаесет години, а најстарата дваесет и пет.

Масовното убиство е извршено ден по повеќекратните убиства во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.