-Во соработка со градот Скопје ветуваме затворање, но и целосно уредување на потегот кај Усјанскиот канал. Овој дел ќе прерасне во зелена, рекреативна зона, која ќе можат да ја користат околните жители, посочи Филиповски.
При денешната изјава за медиуми, Александар Филиповски посочи дека покрај унапредувањето на животната средина, како градоначалник на Аеродром сериозно ќе се посвети и на двонасочната комуникација со граѓаните.
-За таа цел, ќе креираме и мобилна апликација преку која аеродромци по дигитален пат ќе контактираат со секторите при локалната самоуправа. Но, исто така ќе имаат можност да го следат и статусот на предметите, барањата во општината. Ова е начинот за да имаме проактивна комуникација, реализација на проектите и задоволни граѓани. Концептот „Најдоброто за Аеродром“ е концепт за отворена и проактивна општина, заврши кандидатот за градоначалник.