-Ветувам дека ниту педа државно земјиште нема да биде злоупотребено за приватни цели, дека ќе ги донесеме сите ДУП-ови со цел да заштитиме што повеќе зеленило и да обезбедиме јавни површини. Направивме многу со носењето на 9 ДУП-ови и не беше лесно да се санираат штетите од ВМРО-ДПМНЕ. Во следните четири години ова мора да го завршиме. Ветувам дека ќе живееме во многу почиста општина уште првата година од мојот мандат. Знам дека јавната хигиена е проблем. Со сите сили и нова организација за силна комунална служба ќе имаме почисти маала, улици и паркови. Ова е мој топ приоритет, рече Герасимовски во Капиштец.
Тој најави отворена општина за граѓани и нивно директно вклучување во одлуките и трошењето на парите. Герасимовски особено го потенцираше проблемот со паркирањето за кое рече дека има готови решенија.
-Ветувам и дека ќе се изборам за вашето право на паркинг и повеќе паркинг места во општината на места каде сега тоа е проблем. Имаме конкретен план со точни локации каде и колку паркинг места се потребни да се реши ова прашање, рече Герасимовски.
Тој за возрасните граѓани вети нови пензионерски клубови, за родителите финансиска поддршка и 50% поевтина градинка и оброк на училиште за децата, за младите силна финансиска поддршка преку стипендии, бесплатна едукации и поддршка за развој на бизнис заедницата.
Герасимовски рече дека силно верува во изборот на граѓаните за отчетност и отвореност затоа ги повика Центарци на масовно гласање за напредок, за бројот 12, и за Петре Шилегов за градот Скопје.