Застрашувачките моменти кои ги доживеале основците во Колорадо кога 33-годишен трансродов маж се обидел да зграпчи еден од нив биле снимени од безбедносната камера.

На видеото се чини дека Соломон Калиган , кој е уапсен, влегол во дворот на основното училиште Блек Форест Хилс држејќи ќебе додека неколку мали деца си играат на игралиштето.

Но, кога децата ги сфатиле лошите намери на 33-годишникот кој почнал да трча кон нив, се обиделе да избегаат извикувајќи „странец, опасност“.

33-годишникот, всушност, успеал да фати едно од децата фрлајќи го ќебето кон него, но на крајот не успеал да го доврши грабнувањето бидејќи изгубил рамнотежа.