Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 4.511 новозаразени со корона вирус, што е нов рекорд од почетокот на епидемијата, по вчерашните 3.456 случаи, а според новите прогнози, растот на четвртиот бран може да продолжи до крајот на месецов.
Здравствените власти стравуваат дека тоа може да донесе нови 400 до 500 починати.
Од 10.156 тестови потврдени се 4.511 нови зарази, што е 44,4 отсто удел на заразени од тестирани.
Во болница се лекуваат 670 заболени од Ковид-19, а меѓу нив 159 се на интензивно лекување, додека во последните 24 часа починаа 18 заболени.