Најдобро ќе беше Заев да останеше на зборот и да ја поднесеше оставката, вели поранешниот министер за финансии и член на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во емисијата „24 анализа“.
Според него, во четврток ќе се потврди интерпелацијата на владата.
-Опозициските албански партии ќе си го потврдат својот заклучок и сознание дека сега им е единствената историска шанса да помогнат во развластувањето на ДУИ. Тоа е надеж за сите да можат да просперираат како партии и да дојдат до практицирање на власта, а тоа може да се случи многу брзо за нив, појаснува Славески.