Денес во Општина Велес се одржа дебата економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“, на која свое обраќање имаше Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој што истакна дека важно е животниот стандард и економијата да растат, дека со СДСМ и ДУИ економијата стагнира а македонскиот денар за само две години е обезвреднат за 25%, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има поинаков пристап и ќе ги поддржи бизнисмените, ќе се идентификуваат и ќе се поддржат сите производни сектори, особено извозните со цел подобар животен стандард на граѓаните.

„Во последните 15 години светот помина низ две големи глобални кризи, 2008/9 и оваа со пандемијата, во време на првата финансиска и економска криза на власт беше ВМРО-ДПМНЕ и според сите меѓународни институции Македонија помина најдобро и најбезболно во текот на таа криза. Сега сме најлоши од аспект на справување со кризата по пандемијата која што многу пократко траеше од онаа претходната. Тоа зборува за пристапот за капацитетот што може една влада предводена од ВМРО -ДПМНЕ да го испорача, да ги поттикне сите потенцијали во земјата и да ги заштити македонските граѓани. Најважно за животниот стандард е економијата да расте. Производството и на стоки и на услуги.

Славески посочи и дека економијата изминатиот период стагнира а за само две години 2022, 2023 година денарот бил обезвреднет за 25 %.

„Најважната работа за оваа стагнација е еден психолошки фактор. Во 2006, 2007, 2008 година подемот на економијата, кога имавме стапки на раст над 5%, 6 %, буџетот пливаше во пари, приходите беа високи тоа се должеше на тоа што влеавме верба кај граѓаните. Ни веруваа луѓето кога ќе се подигне духот и на бизнисмените и на домаќинствата на граѓаните тие и од економска гледна точка ќе бидат многу продуктивни. Тоа ќе се случи и со промената на власта и ќе придонесе за развој на продуктивноста. Кога сме кај предусловите за раст ние мораме да се справиме со инфлацијата. За само две години 2022, 2023 година нашиот ценет денар беше обезвреднет за 25 %. Тоа значи 25 проценти помалку сите што штеделе, сите пензии, сите плати што не биле доволно покачени инфлацијата ги изеде. Не растеше економијата“ нагласи Славески.

Славески посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи бизнисмените да се идентификуваат и ќе ги поддржат сите производни сектори, особено извозните а за тоа има и стандардни мерки а ќе се воведат и нови.