Заклучно со 11 ноември вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани.
– Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина – се наведува во соопштението.