-Не знам дали и воопшто се справуваат, прво крадеа од тендерите во РЕК Битола, сега крадат струја од околните земји, народот тоа го плаќа, од моите информации кои што ги добивам повлекле 4 милијарди денари од државните резерви, 65 милиони евра ги поделиле по енергетските компании, понатаму имам информација дека не можат ни плата да земаат во сегашно ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, прво крадеа од тендерите, сега повторно крадат од граѓаните преку државните резерви, за да го покријат тоа што го украдоа во тендерите односно требаше наместо да копаат јаглен и да произведуваат струја тие гледаат што повеќе денот да трае 36 часа а годината околу 700 дена, и тоа е една катастрофална ситуација која што во моментот се наоѓа Македонија а се уште зимата не е ни почната односно температурите не си ни под нулата. Сега има нов тендер за два дена ќе увезуваат електрична енергија и таа електрична енергија ќе не чини нови милион и пол евра, за еден ден, и така секој ден ќе си набавуваат електрична енергија тоа ќе го плаќаат граѓаните, добивам информации дека и централното затоплување на Скопје е доведено под знак прашање бидејќи гас има обезбедено до 31 декември, ако не се обезбедат неколку десетици милиони евра да се субвенционира цената, од први јануари двојно или тројно ќе поскапи и цената на централното затоплување на град Скопје. Фалат по некои проценки околу 150 до 200 милиони за да се преброди кризата со струјата, ја клекнаа буквално државата на колена. Ја клекнаа буквално државата на колена и продолжуваат да се занимаваат си политиканство, не баре тоа е крај на светот. Па се губи власт, ќе бидат во опозиција неколку десетици години, што е тоа страшно, ќе извлечат поука ќе се реформираат и ќе научат како се работи, нагласи Мицкоски.