Тој додаде дека во спорот со Бугарија е прифатливо секое решение кое е во рамки на Резолуцијата која беше донесена во македонското Собрание.

– Секое решение кое е во рамките на Резолуцијата која е поддржана од политичките партии во македонскиот Парламент, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Иако во минатото не убедуваа дека немаме отворени прашања со соседите, но како и во други случаи тие лажат, така е и овој пат. Се обидуваат повторно со политички маневри да ја замајуваат јавноста, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека час поскоро треба Македонија да добие датум за преговори со ЕУ и тоа треба да се случи сега на овој декемвриски европски самит и не треба писма да пишуваат било кои од европските политичари, туку треба да се следат европските елементарни цивилизациски вредности.

– Овој народ многу пати во минатото застанал на тие европски цивилизациски вредности ,овој пат треба Европа да му врати на народот на Македонија и да не не уценува со дополнителни отстапки. Тоа нема да го прифати ВМРО-ДПМНЕ. Треба веднаш да се даде зелено светло, Македонија да започне преговори со ЕУ. Европа треба да се одважи да му даде признание на овој народ и да ни даде датум за преговори, изјави Мицкоски.