Во текот на 45. недела од 2021 година (од 08-07.14.2021), во Македонија пријавени се 97 случаи на грип, со зголемување во споредба со претходната недела (51,6%), минатата сезона (4,2 пати) и просекот (33,1%).
Заболените лица се регистрирани во Дебар – 50, Гостивар – 16, Охрид – 13, Тетово – 8, Кавадарци – 6 и Прилеп – 4. Во однос на возрасната група од 15-64 години регистрирани се 42 лица, од 0-4 години се регистрирани 27 лица, 25 лица се пријавени од 5-14 години и 3 лица од возрасната група над 65 години.
Во текот На 45-та извештајна недела, во Вирусолошката Лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнаа 204 материјали за лабораториско тестирање на грип од Кои два од Сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа не беше детектиран ниту еден случај на грип, велат од ИЈЗ.
Досега е пристигнат 1.081 материјал паралелно тестиран за грип и COVID-19, од нив регистриран е еден позитивен случај на Influenza B несубтипизиран.
Во Македонија во тек е вакцинацијата против сезонски грип. Таа е бесплатна за лицата над 65 години, бремените жени, хронично болните, како и децата од 6 месеци до 5 години.
Граѓаните кои што не спаѓаат во ризичните групи доколку сакаат може да се вакцинираат со Комерцијалните вакцини кои ќе чинат околу 800 денари. Центарот за јавно здравје ќе набави 4.000 вакви вакцини.