-Азбуката и нејзиното стандардизирање е клучен момент за развојот на еден јазик, неговата граматика и книжевност. На денешен ден е стандардизирана албанската азбука, и со тоа почнува еден нов период за нивниот културен развој, им го честитам на сите припадници на албанската заедница денешниот ден, и му посакувам уште многу дела и културни достигнувања на овој народ.

Само низ културата и со развој на книжевноста народот не само што расте, се развива и созрева, туку и остава пишан материјал, кој е сеќавање за заедницата. Ние како македонци тоа многу добро го знаеме, и затоа и го почитуваме овој ден кој е исто така од голема важност за нашите сонародници.

Само со творештво ќе го придвижиме општеството напред. Затоа низ културата и науката да го бараме напредокот и да одиме напред, пишува Мицкоски.