СЗО укажа на ретката појава на воспаление на срцевиот мускул кај помладите лица, по примањето на мРНК вакцините на Фајзер и Модерна, но нагласи и дека последиците се благи и луѓето кои имале несакани ефекти добро реагирале на лекувањето на миокардитисот.
– Бидејќи многу делови од светот се соочуваат со недостиг на вакцини, земјите кои вакцинирале многу луѓе треба прво да ги споделат вакцините со остатокот од светот, пред да ги вакцинираат децата и адолесцентите, наведе СЗО.