Според Радио Слободна Азија, според Variety, властите откриле човек кој прошверцувал серијата на „Нетфликс“ Squid Game во Северна Кореја, откако фатиле група средношколци како ја гледаат.
Во извештајот се наведува дека серијата била прошверцувана во земјата од Кина на USB флеш драјв. Оваа серија не беше достапна за гледачите во Кина, но сепак е популарна благодарение на пиратски веб-страници.
Наводно, шверцерот бил осуден на смрт со стрелање, додека на студентите кои ја гледале серијата им се заканувале тешки затворски казни.
Радио Слободна Азија објави дека студент кој го купил дискот ќе добие доживотна казна затвор, додека уште шест студенти се осудени на по пет години тешка работа.
Наставниците и училишната управа биле отпуштени, исклучени од партијата и исклучени на работа во оддалечените рудници.
Инаку, во декември 2020 година, Северна Кореја донесе закон за „елиминација на реакционерната мисла и култура“, со кој се забранува воведување и ширење на културен материјал како филмови, драми, музика и книги во земјата.
Намерата на оваа одлука е првенствено да се спречи ширење на содржини од Јужна Кореја и САД, а за оние за кои ќе се утврди дека биле дистрибуирани или консумирани подлежат на казни.
Според многубројните извештаи, еден маж бил јавно погубен во април оваа година поради продажба на ЦД-а со јужнокорејски медиумски содржини.