Делот со општата машка и женска бања беше затворен поради пандемијата веќе неколку месеци.

-По пример на другите бањи во регионот, донесовме одлука по барање на граѓаните, да ја ставиме во функција и Бања Кежовица. Бањата ќе функционира по строги критериуми и протоколи со приложување на сертификати за вакцинација, со мерење на температура, со намален капацитет, рече Трајче Здравков, В.Д. директорот на ЈП „Исар“, кое стопанисува со бањата.

Цените засега остануваат исти, иако како што рече Здравков, треба да се најдат наскоро на ревизија пред управата на претпријатието.