Министерот за здравство Карл Лаутербах во парламентот изјави дека е несовесно што луѓето кои работат со особено ранливи луѓе се уште не се вакцинирани.
Предлог-законот, кој најверојатно ќе биде усвоен, е првиот од двата закони со кои ќе се воведе задолжителна вакцинација во Германија.
За другиот, поконтроверзен закон, со кој вакцината ќе биде задолжителна за сите, парламентот веројатно ќе расправа следниот месец. Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија се противи на задолжителна вакцина за сите. Поранешниот министер за здравство во владата на Ангела Меркел исто така рече дека ќе гласа против мерката.
Според официјалните податоци, околу 69,4 отсто од германското население од 83 милиони луѓе се целосно вакцинирани.