Унгарскиот суд ја разгледа жалбата на владата на премиерот Виктор Орбан против пресудата на судот на ЕУ во која се тврди дека Будимпешта ги прекршила законите на Унијата осмислени за да ги заштитат бегалците, со депортирање назад на српската граница.

Во својата одлука, унгарскиот суд рече дека не го анализирал прашањето дали правото на ЕУ има приоритет над унгарското право во однос на почитувањето на имиграцискиот став на владата.

Министерката за правда Јудит Варга тврди дека примената на одлуката на Европскиот суд ќе резултира со постојан престој на многу мигранти во Унгарија.

Реагирајќи на пресудата, унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека владата мора да ја следи одлуката на Уставниот суд.

– Се заколнавме дека ќе му служиме на унгарскиот народ и на унгарскиот устав, а не на бирократите во Брисел. Кога станува збор за споровите со Брисел, Уставниот суд е „конечниот арбитар“, додаде премиерот.

Орбан, еден од најсилните противници на масовната имиграција во Европа од Блискиот Исток и Азија, одржа референдум во 2016 година против планот на ЕУ за преселување на мигрантите во земјите-членки на ЕУ, на што унгарските гласачи со големо мнозинство се спротивставија.