Учениците и наставнииот кадар работат на „Безбедност и заштита на интренет“.
-Ова е трета средба од оваа мобилност, првата беше во Турција, втората во Романија и сега во Куманово. Тема на овој проект односно на оваа средба е „Безбедност и заштита на интернет“, значи нашите ученици правеа многу презентации, видеа, истражувања, имаше многу работилници во коишто беа вклучени повеќе ученици и наставници. Покрај активностите, гостите ќе имаат можност да ги разгледаат културните, природните, историските знаменитости во државата, изјави координаторот на проектот, Јасмина Денковска.
Наставниците и учениците остварија средба со секретарот на општина Куманово и претседателката на Советот на Општината на која се разговараа за активностите, искуствата и очекувањата од овој значаен проект.
Во рамките на проектот „Активни граѓани во Европа“ остануваат уште две мобилности во Италија и Данска, кои би требало да се реализираат напролет. Имплементацијата на проектот започна во 2019-та година, а се планира да заврши до крајот на оваа учебна година